155
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека Мирослав Лајчак е во Приштина и дека е тешко да се постигне некаков напредок.
– Речиси сум сигурен дека Курти е решен да не ја формира ЗСО, а дека му е лесно , покажува одлуката за укинување на визниот режим за Косово. Моментот во кој тоа се случува покажува дека е охрабрен Курти да продолжи да не ги исполнува обврските – рече Вучиќ и додаде дека следната недела Лајчак два дена ќе биде во Белград и дека заедно ќе се обидат да најдат решение.