165
Србија нема да има претставник на претстојниот самит на Европската Унија и Западен Балкан, јавуваат медиумите.
Српскиот претседател Александар Вучиќ нема да отпатува за Тирана на 6 декември.
„По одлуката на (премиерот на Косово) Албин Курти противуставно и спротивно на Бриселскиот договор да го назначи Ненад Рашиќ за министер за заедници, Европската унија излезе со мека изјава, иако Србија го условуваше учеството на Самитот со остра осуда од Брисел“, вели изворот на „Блиц“.
Оваа информација за „Блиц“ ја потврдиле од кабинетот на претседателот на Србија.
„Претседателот Вучиќ нема да оди во Тирана по срамната реакција на Европската унија“, изјавија за „Блиц“ во кабинетот на претседателот.