Вучиќ: Ниту една страна во војната во Украина не е ни блиску до победа

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека ниту една страна во војната во Украина не е ни блиску до победа.

Гостувајќи на ТВ Пинк, а на прашањето што мисли за налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) против рускиот претседател Владимир Путин, Вучиќ одговори дека смета дека тоа е политички многу лоша одлука која ќе чини многу животи на Русите и Украинците, но и ќе има големо влијание врз економијата на цела Европа.

„Ќе мора да седнете со Путин да разговарате, а како можете да разговарате со него и да му го доставите ова?“, праша Вучиќ.

Слични содржини