Вучиќ: 500 илјади вакцини во Србија до крајот на годината

од Nikola Popovski
256 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ во емисијата „Ќирилица“ изјавил дека 500 000 вакцини ќе пристигнат во Србија до крајот на годината.

„Денес беше најтешкиот ден за Србија, бидејќи ги разгледуваме тие пресеци. Вечерва, ќе кажам исклучиво за вас дека ќе дадеме се од себе, ќе набавиме 500 илјади до милион дози за да спречиме притисок врз болниците, не ми е гајле која вакцина, важно е нашето здрсвство да ја одобри. За Србија вакцината не е политика, за Србија вакцината е живот“, изјавил Вучиќ.

„Кинезите ја победија епидемијата, а Америка и Европа, каде што постои традиција на почитување на човековите права, сега се борат против епидемијата. Што се однесува до нас, јас сум подготвен да преземам личен ризик, не станува збор за тоа колку ќе чини, туку да ја донесеме вакцината што е можно побрзо“, додава Вучиќ.

Тој изразил благодарност до ЕУ што ја вклучила земјата во програмата, но ако можат да увезуват порано, ќе го сторат тоа.

„Но, нема да бараме никој со сила да биде вакциниран, освен армијата, полицијата, лекарите. Наша обврска е да ја доставиме вакцината во Србија што е можно поскоро. Не можам да гарантирам, но постои голема можност количината на вакцини наскоро да пристигне со Србија. Прашање е на часови и денови. Не смееме да губиме животи, за среќа е малку подобра здравствената состојба кај нас отколку во БиХ и Хрватска“, заклучил Вучиќ.

Слични содржини