Вучиќ: Бараме начин дополнително да и помогнеме на С. Македонија во вакцинирањето

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека Србија наоѓа начини дополнително да им помогне на Црна Гора и Северна Македонија при вакцинирање на населението.

Тој додаде дека не му е јасно кога некој го критикува за фактот дека во Србија има бизнисмени од регионот, и дека странски државјани доаѓаат на вакцинација и дека не му е гајле и дека нема проблем со благодарноста на некои „колеги“.

„За мене е важно луѓето да бидат задоволни, да бидат делумно заштитени сега кога ја примија првата доза, а кога ќе ја добијат втората ќе биде уште подобро и дека ќе ги заштити од тешки последици и смрт или најмалку во 99 проценти од случаите. Тоа е она што можеме да сториме“, рече Вучиќ на прашањето колку е горд на пишувањето на медиумите дека Србија организира вакцинирање на луѓе од земјите од Западен Балкан.

Тој додаде дека не му е јасно како некои луѓе не разбираат дека „ние не можеме да се спасиме“ ако луѓето во регионот не се.

„Не знам како некој не го разбира тоа, ние не сме пуст остров, живееме заедно со други“, рече претседателот на Србија, пренесе Танјуг.

Слични содржини