204
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска преку Инстаграм им честиташе на граѓаните на С. Македонија за историскиот пласман на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Заедно со пораката беше објавена и фотографија од знамињата на двете земји.
-Им честитам на сите граѓани на С. Македонија за историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, со сето срце ќе бидеме со вас, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „Будуќност Србија“.