Вучиќ до Заев: Ти благодарам за сѐ, за огромниот труд

од Берта Китинска
327 прегледи

„Ти благодарам за сѐ, за огромниот труд, знам дека утре поднесуваш оставка, сакам да ти се заблагодарам за сѐ што направи за пријателството меѓу Србија и Македонија и пријателството помеѓу нашите три држави“, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во рамките на иницијативата Отворен Балкан.

На седмиот состанок на иницијативата „Отворен Балкан” што се одржува денеска во Тирана беа потпишани договори меѓу Албанија, Северна Македонија и Србија.

Албанскииот премиер Еди Рама, премиерот на С.Македонија Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ го потпишаа договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, кој ќе овозможи воведување единствена работна дозвола за трите држави. Тројцата лидери потпишаа и договор за поврзување на системот за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан.

Министрите за земјоделство на Албанија и на Србија, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ и заменик министерот Трајан Димковски, пак, го потпишаа Договорот за соработка во областа на ветеринарството, фитосанитарната и безбедноста на храната и животните.

Потпишани се и договорот меѓу владите на Северна Македонија и на Албанија за взаемно признавање на одобрените овластени деловни субјекти за сигурност и безбедност (АEOС), како и договорот меѓу албанската и српската влада за заемно признавање на одобрените овластеи деловни субјекти (АЕОС).

Слични содржини