Вучиќ душегрижнички за Груевски и Македонија

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Решавањето на проблемот во Македонија е од клучно значење за регионот, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата со американскиот сенатор Џон Меккејн. Се надевам кризата ќе биде решена на мирен начин, порача Вучиќ.

„Единствено што се надеваме е дека преку почитување на македонските закони, работите без разлика како ќе се одвиваат, ќе се одвиваат мирно. За нас тоа е од големо значење. Ако од една страна имате незадоволни Албанци тогаш може да имаме проблеми на југот на Србија. Ако имате внатрешен судир во Македонија, нешто што никој не го посакува, тоа би имало големи и тешки последици за сите нас“, изјави Вучиќ.

Во меѓувреме на  Вучиќ речиси во сите градови и урбани средини му се случуваат демонстрации, за како велат, украдените избори и фантомски избирачки списци на кои се ќали опозицијата на Србијач