Вучиќ ги посети завршните работи на Храмот Свети Сава: Ова ќе биде нова Аја Софија (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги посети завршните дела на Храмот Свети Сава, беше објавено е на неговиот Инстаграм профил.

Во видео порака на таа социјална мрежа, Вучиќ рече дека Храмот изгледа „подобро од големата и величествена Аја Софија“ и дека „ќе има нова Аја Софија“.

„Има над 50 милиони коцки мозаици, 320 тони мозаици. Изгледа толку убаво што, како што рече Неговата Светост Српскиот патријарх (Иринеј), недостасуваат зборови“, рече Вучиќ, додавајќи дека со нетрпение очекува српските граѓани наскоро да можат да го посетат храмот.

Слики од посетата беа објавени на Инстаграм, а заедно со претседателот, храмот го посетија и патријархот на Српската православна црква Иринеј и новоименуваниот амбасадор на Србија во Соединетите држави, Марко Ѓуриќ.

Слични содржини