Србија е подготвена на секаков начин да им помогне на бегалците од Украина, како и доколку е потребно, да им пружи медицинска помош на болните, повредените и ранетите, изјавил српскиот претседател Александар Вучиќ за време на неговата официјална посета на Прифатниот центар во Врање, во кој моментално се сместени 67 бегалци од Украина.
За време на посетата, српскиот претседател играл фудбал со децата и им поделил подароци, а ги посети и собите во кои се сместени овие лица.
Во своето обраќање пред медиумите тој на сите им посакал мир и да се вратат дома, објавија српските медиуми.