Вучиќ: Имаме двојно повеќе странски инвестиции од 4 земји во регионот

од Nikola Popovski
365 прегледи

Србија имала 3,015 милијарди странски директни инвестиции во 2020 година, а Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Албанија сите заедно имале 1,7 милијарди евра во истиот период, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување на емисија.

„Имаме скоро двојно повеќе од овие четири земји заедно. Некој ќе рече, добро, ние сме поголеми. Па, ние сме двојно поголеми од БиХ, но затоа додајте ја С. Македонија, па дури и Албанија и Црна Гора, и ќе видите дека сме четири милиони помалку, а имаме двојно повеќе странски директни инвестиции“, рекол Вучиќ за „Б92“.

Тој додал дека и Србија има подобра стапка на раст од сите овие земји.

Слични содржини