Вучиќ: Изградбата на терминалот за течен гас во Грција важна за целиот Балкан

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Грција изјави дека изградбата на терминалот за ЛНГ е голем и важен настан за целиот регион, за целиот Балкан.

Во грчкиот град Александруполу се одржува церемонија по повод почетокот на работите за изградба на терминал за течен природен гас, а претседателот Вучиќ во своето обраќање им се заблагодари на грчките домаќини за поканата за Србија.

Србија треба да изгради системи за поврзување со Бугарија, бидејќи на тој начин ќе може да прифаќа и прима големи количества гас во нашата земја, посочува претседателот.

Слични содржини