Вучиќ: Ќе бидам незадоволен со помалку од 60 проценти гласови

од Nikola Popovski
356 прегледи

Кандидатот на Српската напредна партија за претседател на Србија, Александар Вучиќ изјави дека би бил незадоволен доколку на претстојните избори на 3 април освои помалку од 60 отсто гласови од вкупното население во државата.

-Ќе бидам незадоволен, нема да кријам, ќе се лутам на себе и ќе се запрашам дали избрав погрешна кампања, изјави Вучиќ на ТВ Хепи.

Според него, 50 проценти не му се цел, додека неуспех е се под 60 проценти од освоените гласови.

-Ќе бидам многу тажен, не би го криел тоа, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека не мисли оти овие истражувања кои, како што рече, наводно зборуваат за убедлива победа на СНС, се целосно точни бидејќи би бил апсолутно незадоволен доколку е така.

-Ќе бидам задоволен со многу повисока победа, бидејќи не верувам дека е можно да биде 25 или 30 проценти разлика за нас, едноставно не верувам, не сакам да верувам, изјави Вучиќ.

Слични содржини