Државата ќе инвестира 18 милиони евра во капацитетите за полнење и пакување на вакцините против Ковид-19, грип, тетанус и дифтерија и уште 20 милиони за уредување простории и фасади“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со премиерката Ана Брнабиќ, министри и експерти од областа на фармацијата и медицината.
„Ние сакаме да го направиме Торлак една од најдобрите фабрики за вакцинирање во Европа“, рече Вучиќ во пораката на својот Инстаграм профил.
„Од денес работиме на деловен план и влегуваме во процес на производство на четиривалентна вакцина против грип и веруваме дека ќе ја завршиме за неколку месеци“, најавил Вучиќ.
Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) пред два дена објави дека Институтот Торлак започнак со производство на руската вакцина Спутник V во Србија
Според рускиот фонд, Србија стана првата земја во јужна Европа што ja произведува Спутник V. Производството ги исполнува најдобрите стандарди во производството на вакцини, се наведува на веб-страницата на РДИФ.