Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави, по повод повторените најави на Албин Курти за тужбата против Србија за наводниот геноцид, дека Курти треба да го покрене тој судски процес, наместо само да се заканува.
„Курти секој ден повторува дека како Пајо Паторот“ изјавил Вучиќ.
Вучиќ оцени дека тоа се само трикови од Приштина, со кои нивните претставници покажуваат дека во суштина не сакаат дијалог.
„Деновите пред нас не се лесни и ситуацијата не е розова. Не е време за големи зборови, но за цврст став, но секогаш е време да покажеме колку сакаме дијалог и колку е важно да гледаме кон иднината “, изјавил Вучиќ за ТВ Пинк, пред утре да замине за Брисел, каде што продолжува дијалогот.
Како што изјави, Белград сака да разговара, да ги зачува мирот и стабилноста, но тоа станува сè потешко, бидејќи косовскиот врв секој ден ја напаѓа Србија.
Во врска со најавата на Курти за тужбата против Србија, Вучиќ рече: „Не заканувајте се повеќе, сторете го тоа. Не играј со нас со тие работи. Долго време сум во политика, знам што значи тоа – тој ќе ни се закани со тужба за геноцид, и ние ќе бидеме ужасно загрижени, па некој надвор ќе рече дека ќе ги спречи и ќе го признаеме Косово. Пробајте ги тие трикови да ги продадете на друг, но не на мене. Ова покажува дека Приштина подготвила други трикови за да се претстави како жртва во Брисел, што Србија нема да го стори“, нагласил Вучиќ.
На прашањето дали вреди да се оди во Брисел, Вучиќ одговорил дека нема алтернатива за разговорот.
„И кога, не дај Боже, војувате со некого, мора да разговарате, бидејќи секој разговор е подобар од истрел. Сакам да го зачуваме мирот. Многу работи се менуваат, наша работа е да ги зачуваме мирот и стабилноста, да им пружиме рака на Албанците на секој начин, но ако тие не го сакаат тоа, туку сакаат да ја уценуваат и да ѝ се закануваат на Србија, тогаш продолжете со тоа“, кажал Вучиќ.