Вучиќ му се заблагодари на Ердоган за вработувањето жени над 50

од desk2
84 прегледи
рпскиот претседател Александар Вучиќ рече дека се направени многу напори за да се оствари турската инвестиција во Кралево.

Вучиќ, кој ги посети работите за изградба на текстилната фабрика „Еуротај“, очекува дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе пристигне на отворањето на фабриката, напролет или на почетокот од летото следната година.

Во обраќањето пред присутните, претседателот на Србија истакна дека тоа е голема инвестиција од 35 милиони евра.

Тој рече дека е горд што виде 100 дами, прекрасни и вредни српски жени кои се борат за подобра иднина со тешка и напорна работа.

„Јас сум особено среќен што не работат само девојчиња од 25 години. Ти благодарам, брате Турчин, што прими и жени над 50 години. Тоа се вредни и способни жени кои ќе покажат лојалност“, рече Вучиќ.

Текстилната фабрика Еуротај, која се гради во Адрани кај Кралево, ќе вработи вкупно 2.500 лица. Како што е најавено, треба да се отвори во април 2019 година и веќе се обучуваат 115 работници.