Вучиќ најавува: Една голема сила ќе побара повлекување на КФОР и УНМИК од Косово

од Берта Китинска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека „една голема сила наскоро ќе започне со официјално барање за повлекување на КФОР и УНМИК од Косово и Метохија, тоа е она што ме загрижува. Тоа би било катастрофа“ – рече претседателот на Србија.

Претседателот рече дека имаат информации дека тоа ќе се случи наскоро, дека не може да открие за која земја станува збор, но станува збор за разузнавачки податоци од официјални извори.

Тој истакна дека во наредните денови, ќе разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој рече дека најважната задача на Србија ќе биде зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет, но и мирот и безбедноста.

Слични содржини