Вучиќ најавува уште по 100 евра за младите Срби

од Nikola Popovski
208 прегледи

Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа најави дека до крајот на мај и почетокот на јуни, младите во Србија ќе добијат уште 100 евра.

-Само што ја завршивме средбата помеѓу Синиша Мали, Ана Брнабиќ и јас и донесовме одлука која нема никаква врска со изборите, изјави Вучиќ на ТВ Хепи.

-Младите од 16 до неполни 30 години ќе добијат уште 100 евра. Тоа се уште 102 милиони евра на кои можам да сметам до крајот на мај и почетокот на јуни, секако до Видовден, рече тој.

Оваа исплата, како што рече, е начин да се покаже поголема грижа за нив, но и да се укаже дека мора да ги почитуваат процедурите кога државата нешто дава.

Вучиќ додаде дека од четврток ќе почне исплатата на 20.000 динари (10.000 денари) на пензионерите.