Вучиќ: Не бараме ништо од Македонците, само да бидеме пријатели и браќа

од Vladimir Zorba
479 прегледи

Ние сме најголемите пријатели на С. Македонија, ништо не бараме од нив, само да бидеме пријатели и браќа, рече денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ ги коментираше информациите на новинарката на телевизија „Пинк“ дека граѓаните на С. Македонија во анкета одговориле дека Србија ја сметаат за свој најдобар пријател.

„Да, го видов тоа, и за политичарите и за земјите. Србија секако им е најдобар пријател“.

На прашањето дали е изненаден од македонскиот одговор, претседателот Вучиќ одговори:

„Како можам да бидам изненаден? Ние сме најголемите пријатели на С. Македонија. Кого поблизок имаат од Србија? Ние сме единствените кои не бараме од нив да си го сменат името, јазикот, барањата или што било друго. Го сакаме македонскиот народ. Што бараме од нив? Ништо. Освен да се биде во најдобри можни односи. Ништо не бараме од нив. Само да бидеме пријатели и браќа“.

Слични содржини