Вучиќ „не гледа поента во дијалогот“ со Приштина

од Nikola Popovski
425 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод одлуката за табличките и распоредување на единиците на РОСУ на северот на Косово и Метохија, изјави дека денес е еден од најтешките денови за српскиот народ на Косово и Метохија, посочувајќи дека ситуацијата е многу сериозна и тешка.

„Кога се занимавате со луѓе кои не се одговорни, и чија единствена цел е како да ја прошират моќта, авторитетот, а не да направат нешто добро за граѓаните, тешко е да се дојде до рационални решенија“, рече Вучиќ во своето обраќање на јавноста.

Како што наведе, Белград синоќа знаел дека Приштина ги планира движењата на своите специјални сили на северот на Косово.

Како што рече, утрово, кратко по шест часот, тие сили преминале на северот од Косово и Метохија, и ова е шести пат да се случи ова.

Вучиќ рече дека во сегашните околности „не ја гледа поентата на дијалог“ со Приштина затоа што приштинските власти не го спроведуваат Бриселскиот договор постигнат под покровителство на Европската унија, според кој, меѓу другото, тие се обврзаа и за формирање Унијата на српски општини на Косово.

Слични содржини