Вучиќ негираше дека има некаква врска со нон-пејперот на Јанша

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва енергично негираше дека има врска со познатиот нон-пејпер за промена на границите на Западен Балкан, а особено дека тој го напишал.

Вучиќ тоа го рече во интервју за сараевската „Фејс ТВ“. со Сенад Хаџифејзовиќ.

Забележувајќи дека прашањата на Хаџифејзовиќ се трипати подолги од неговите одговори, Вучиќ повтори дека не само што не учествувал во пишување на ниту еден документ, туку дури и не го видел тоа.

Посочи дека гледа шпекулации што некој ги објавува во јавноста.

„Гледате, вие велите дека Србија ќе го признае независно Косово, дека е подготвена да се откаже од Прешево и Бујановац со цел да ја добие Република Српска. Тоа нема да се случи затоа што не е реално, и не ни треба“, рече Вучиќ.

На забелешката зошто тој не им го кажува тоа на Милорад Додик или Александар Вулин, кои со радост го пречекаа тој „нон-пејпер“, бидејќи, како што рече Хаџифејзовиќ, и дека нема шанси Додик да стори што било без претседателот на Србија, тој рече дека секој може да мисли за министерот за одбрана и за српскиот член на Претседателството на БиХ што сака, но тие се, посочи, „луѓе кои имаат свое мислење“.

Слични содржини