Претседатело на Србија, Александар Вучиќ, зборувал за добрата вест што ја донел од Абу Даби, како и за напредокот на борбата против организираниот криминал.
Претходно беше објавено дека во Абу Даби се договорил со Обединетите Арапски Емирати и Кина за производство на вакцините на кинеската компанија Синофарм.
Претседателот веќе соопштил дека бара земјиште во близина на Белград, каде што би можело да има фабрика за производство на вакцините на Синофарм.
Вучиќ изјавил дека добрите односи со Емиратите, ќе ѝ овозможат на Србија да има доволно вакцини и дека е подобро луѓето да се вакцинираат.
– И да успееме да ги вакцинираме сите, ако сите во регионот имаат проблем, ќе го имаме и ние – рече Вучиќ.
Претседателот рече дека сака да ја прими вакцината на мало место и да биде „како сите други луѓе“.
– Јас лично ќе бидам вакциниран во Меришина или Жагубица. Сакам локална медицинска сестра да ми даде вакцина и да бидам пример за луѓето. Сите вакцини се добри, реков дека ќе ја примам кинеската, но не е важно, сите се добри – вели Вучиќ.
Претседателот, исто така, ја истакнал важноста на новите ковид-болници.
– Ако немавме ковид-болници во Батајница и во Крушевац, едноставно ќе собиравме луѓе во вреќи – рече Вучиќ.