Вучиќ: Од машината за мелење, кланот на Беливук му испраќале ќебапи од човечко месо на Звицер

од Nikola Popovski
592 прегледи

Синоќа во емисија на српската ТВ Прва биле прикажани снимки и фотографии од „бункерот“ на озлогласената група на Вељко Беливук во викенд-куќата во белградската населба Ритопек. Претседателот Александар Вучиќ, ги коментирал снимките, откривајќи ги деталите за истрагата против оваа група.

Претседателот Вучиќ, единствениот гостин во емисијата, на почетокот изјавил дека „не ги видел видеата“.

„Приказната со Беливук заврши. Обвинителот е многу задоволен. Според она што го знам, пронајдени се многу докази, траги на ДНК. Тие мачеле, колеле и мелеле луѓе. Најчесто навивачи на Партизан, но имало и еден навивач на Звезда, а на друго место уште еден навивач на Звезда. Тоа има врска со дрога и политика. Имам многу интересни работи. Тие имаа станови, со помош од некои амбасади во Белград, што е интересно, затоа што амбасадите имаат свои безбедносни служби. Еден од месарите, му испраќал мелено месо од луѓе на Звицер, во форма на ќебапи“, истакнал Вучиќ.

Српскиот претседател додал дека полицијата открила уште една куќа што ја користела групата.

„Му велам на Звицер (наводниот водач на Кавачкиот клан) дека нема да биде на слобода додека сум жив. Јас го правам ова затоа што сум борец“, кажал Вучиќ и додал дека не му пречи да биде претворен во мелено месо. Тој ги повторил шпекулациите дека требало да биде цел на снајперски напад за време на откривањето на споменикот на Стефан Немања во Белград.

Зборувајќи за фактот дека мета биле неговиот брат и син му , тој истакнал дека тоа е сторено со цел „емоционално да го осакатат“.

„Тие принудиле криминалци да му се доближат на Данило, да му наместат девојки, да го натераат да земе дрога и да ми го покажат тоа мене, за да ме уценуваат. Не сакав да плаќам рекет на криминалци“, заклучил Вучиќ.

Да потсетиме, во куќата во Ритопек, во која беа убиени најмалку пет жртви на суровиот белградски клан, пронајдени се бројни траги на ДНК, повеќето од нив во тајна просторија.

Во оваа просторија е пронајден и огромен арсенал оружје што го користела „војската“ на Беливук. Судејќи според видот на оружјето и експлозивите што ги имале, истражните органи сметаат дека кланот планирал и ликвидација на лице кое има силно обезбедување или се вози со блиндиран автомобил.

Беливук и неговата банда се обвинети за повеќе убиства, изнуда, осакатување на жртвите- сечење на делови од телото, мелење на жртвите во машина за мелење месо, прскање со отровна киселина, рекет и трговија со дрога.

Слични содржини