547
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која јаде сараевски ќебапи во авион, што го оцени како „најдобро освежување пред враќањето во Белград“.
За време на престојот во Сараево, Александар Вучиќ се состанал со членовите на Претседателството на БиХ и ја предал донација на вакцини за таа земја.
„По успешниот престој во Сараево, најдобро полнење на енергијата пред да се вратам во Белград. Служев војска во Лукавица и оттогаш ги обожавам ќелапите од Сараево. Сепак, поважен од тоа е фактот дека закажавме голем самит на Србија и БиХ во Белград. Одлична прилика за унапредување на нашите односи“, стои во објавата на профилот на Инстаграм „buducnostsrbijeav“.