Вучиќ: Орбан изјавил пред Меркел и Макрон дека Србија ѝ е потребна на ЕУ, а не обратно (видео)

од Nikola Popovski
203 прегледи

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, е во посета на Србија, на која се состана со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

фото: Танјуг

Вучиќ изјавил дека односите меѓу двете земји се најдобри во историјата.

„Јас сум крајно среќен што Србите и Унгарците имаат исклучително добри односи. Нашите економски односи никогаш не биле поразвиени“, рече Вучиќ.

Според него, тој нема да каже никаков лош збор против Орбан и додава: „Победете ме на изборите и пронајдете ги оние што ќе им се додворуваат на светските списанија“.

„Виктор беше единствениот што на видео-конференцијата рече дека на Србија и треба ЕУ повеќе отколку што ЕУ ни е потребна нас. Меркел и Макрон и сите други го слушаа тоа“, рече Вучиќ.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјавил дека е важно да се „охрабрат едни со други“, затоа што, како што спомена, и двете држави ја добиле првата битка со коронавирусот.

„Сега започнува втората битка, рестартирањето на економијата и ние ќе продолжиме да разговараме за таа тема денес“, рече Орбан.

Тој изјавил дека ќе влијае на Европската унија да го одобри отворањето на преостанатите поглавја за преговорите на Србија за членство во ЕУ. Според Орбан, Унгарија е во постојан контакт со соседните земји и дека земјата може да заклучи дека има многу пријатели, како што е Србија.