Вучиќ: Осум години ја вадам Србија од амбис и бунар, мислат дека на Виновден ќе го потпишам признавањето на Косово

од Nikola Popovski
159 прегледи

„Видовден е близу, а јас нема да добијам ниту извинување“, им порача денес српскиот претседател Александар Вучиќ на политичките противници, кои го обвинуваат дека на 27-ми јуни ќе го потпише признавањето на Косово.

Тој пред новинарите во Лајковац изјавил дека овие луѓе, додека биле на власт, никогаш не се сетиле на празникот Видовден или на Косово.

„Косово им служеше да украдат пари од комбинации и никогаш да не направат ништо за нашите луѓе во Косово и Метохија“, рекол Вучиќ.

Тој посочи дека е горд, затоа што неговата политика е да ги помага и заштитува нивните национални интереси.

„Веќе осум години ја вадиме Србија од амбис и бунар, од уништените национални интереси. Ова беше понижена Србија, која немаше ниту углед, ниту опремена армија или полиција“, истакнал Вучиќ.

„Денес, Србија е почитувана земја, не мора да биде омилена на некого“, заклучи тој.