„Отворен Балкан“ го сметаме за исклучителна иницијатива, а е направена поради луѓето што живеат во секој наш град“, истакна на прес-конференцијата претседателот на Србија Вучиќ.
Денеска, вели Вучиќ, е договорено да се формира совет за спроведување.
Фрустрирачки е, вели претседателот, што договорот понекогаш не може целосно да се спроведе.
-Договоривме формирање на Имплементационен Совет, кој ќе има состаноци со инспекции во следните 7-10 дена, за да се договориме за слободен проток на стоки и услуги – вели Вучиќ.
Претседателот изјави дека средбата со претставниците на бизнис заедницата на трите земји била добра и дека се констатирало дека сите се 100 отсто со овој проект и иницијатива.
Посочи дека „сакаме да направиме разлика, нашите луѓе да патуваат во Скопје и Тирана без документи за година, година и половина“.
Со тоа, продолжи, ги зајакнуваме нашите економии, не ги допираме правата на постоечките држави и им овозможуваме на граѓаните подобар живот, а на бизнисмените неспоредливо подобро да работат.
– На граница чекаат повеќе од 24 до 30 часа, иако се е детално организирано со договори. Од ова зависи нашата економија и дали ќе направиме добри резултати за нашите компании и земјоделци – рече претседателот.
По католички Божиќ ќе се одржи средба во Тирана на која ќе биде потпишан Меморандум за разбирање за работни дозволи.
– Единствениот начин да се задржат луѓето е да можат слободно да работат насекаде во регионот, смета претседателот на Србија.