Вучиќ појадува мортадела и мајонез на хауба, граѓаните го исмеваат на социјалните мрежи (ФОТО)

од Nikola Popovski
349 прегледи

Александар Вучиќ, српскиот претседател, објави фотографија од појадок во природа на Инстаграм со министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Томислав Момировиќ и директорот за патишта Зоран Дробњак.

-Најдобар појадок. Половина килограм леб за секого, мајонез, мортадела и домат. Подготвени да посетиме нови градилишта во Источна Србија, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Иако коментарите на Инстаграмот на Вучиќ се полни со восхит и поддршка, неговата фотографија на Твитер послужи како предмет на потсмев.