Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговите соработници гостувале во специјална емисија на ТВ Пинк, по повод последниот ден од предизборната кампања пред изборите кои ќе се одржат во недела.
Како и во неодамнешниот предизборен спот, така и во емисијата Вучиќ излегол од фрижидер.
Водителката ја отворила вратата од фрижидерот од каде излегол Вучиќ, кој ѝ дал тегла кисели краставички, по што публиката со громогласен аплауз го поздравила српскиот претседател.
– Толку им здосадив на сите што луѓето мислат дека излегувам од фрижидер, рекол Вучиќ.