272
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во обраќање во српската јавност истакнал дека негов предлог е воведувањето на задолжителен воен рок од 90 дена, бидејќи на тој начин „би оживеале касарните“, а мажите „ќе созрееле и ќе научат што е патриотизам“.
„Не се шест месеци, ниту 365 дена, на надлежните воени органи останува да ги покажат пресметките. Со тоа се стекнува обврска и мажите созреваат, добиваат шанса да научат што е патриотизам, што е работа, обврска“, рече Вучиќ.
Со задолжителниот воен рок, како што рече, ќе го врати животот во касарната, ќе го врати животот во градовите каде што се касарните.
„Мислам дека е добар предлог, а на властите и на парламентот е да го прифатат по аргументирана и сериозна расправа“, подвлече Вучиќ.