Вучиќ прикажа снимка од брутална ликвидација поврзана со Беливук (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Nikola Popovski
951 прегледи

За време на гостувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ на ТВ Пинк, биле прикажани невидени снимки за бруталните злосторства на криминалната група предводена од Вељко Беливук и Марко Миљковиќ.

Поточно, било прикажано видео од убиството на Властимир Милошевиќ во центарот на Белград, кое се случило на 30 јануари 2017 година, во шест часот наутро.

Како што наведе Вучиќ, Беливук бил уапсен за ова убиство како сторител, а Миљковиќ како помагател.

Сепак, Миљковиќ, кој е кум на убиениот, подоцна се пофалил дека го убил Милошевиќ.

„Младиот човек кој беше убиен нема никаква врска со криминални кланови. Милошевиќ е убиен, а не е виновен за ништо. Не станува збор за судири меѓу криминални кланови. Станува збор за нешто што е увезено во Србија од Црна Гора. Тоа е конфликт помеѓу два мафијашки кланови, Шкаљарскиот и Кавачкиот“, потенцира Вучиќ.

Вучиќ за Милошевиќ рече дека тој бил чесен млад човек кој бил спортист, поточно каратист. Тој додал дека физички спречил некои од луѓето на Беливук и Миjковиќ „да ги окупираат сплавовите“.

Слични содржини