206
Актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, објави дека победил во првиот круг, а неговата Српска напредна партија освоила најмногу гласови на парламентарните избори.
Според првите прелиминарни резултати објавени од ИПСОС/ЦеСид, на парламентарните избори најмногу гласови освоила листата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“, за која гласале 43,6 отсто од избирачите. На второ место се Обединети за победа на Србија со 12,8 отсто, а на трето СПС со 11,6 отсто.
Врз основа на 55,6 отсто од обработените гласови, кандидатот на СНС и актуелниот претседател на Србија доби уште еден претседателски мандат со 59,8 отсто од гласовите, според ИПСОС и ЦеСИД.