Вучиќ: Просечната плата во Србија стигна до 555 евра

од Nikola Popovski
249 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објавил дека просечната плата во неговата земја, во март изнесува 555 евра.

– Имам добра вест за сите луѓе во Србија – просечната плата во март беше точно 555 евра. Тоа е она што го чекавме, рекол Вучиќ на видеото објавено на Инстаграм профилот „Будуќнострбијав“.

Како што рече, се знаело дека март бил референтен месец, а според прелиминарните податоци, платата во март била 555 евра, што е, во споредба со 330 евра, во времето кога тој станал премиер, претставува огромен напредок на Србија.

– За тоа сте заслужни вие, а пред сте заслужни  затоа што Србија веќе не е земја на губитници, туку победник, која може да се натпреварува во сè и да ги победи оние што беа пред нас, не со децении, туку со векови , посочил Вучиќ.

Тој очекува до крајот на годината, просечната плата да порасне до 600 евра.

Слични содржини