Вучиќ разговарал со Путин

од Stefanija Kuzmanovska
236 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарал телефонски со претседателот на Русија, Владимир Путин, дознава „Танјуг“ од дипломатски извори.

Ова е прв разговор меѓу лидерите на Србија и Русија по потпишувањето на договорот од Вашингтон.

Кабинетот на претседателот се уште не ја објави официјално таа информација.

Разговорот меѓу Путин и Вучиќ доаѓа еден ден по ненадејното повлекување на српската армија од Белорусија, каде за денеска беше планирана воена вежба на армиите на Србија, Русија и домаќинот. Со одлука на Владата, воените вежби и активности со армиите на другите земји се „замрзнати“ на шест месеци.