Вучиќ се огласи за уапсените лица во Црна Гора: Што направила лошо мајката на Кнежевиќ за да ја уапсат? – Емотивно сум на страна на Србите

од Nikola Popovski
200 прегледи

Претседателот Александар Вучиќ вели дека разговарал со еден од водачите на Демократскиот фронт, Милан Кнежевиќ, чија мајка утрово беше уапсена во Црна Гора и дека му е тешко поради тоа што се случило, но како претседател на Србија, тој не може да се меша со внатрешните работи на Црна Гора, особено затоа што не знае што точно се случило.

“Зборував со Кнежевиќ. Тој немаше дополнителни информации. Немаме податоци и не можеме да се мешаме. Жал ми е, секако, но мора да почекаме за повеќе информации”, им рече Вучиќ пред новинарите по средбата со Џозеф Борел.

Вучиќ истакна дека мора да се внимава на мешање во внатрешните работи на другите земји.

„Јас сум Србин и не мора да објаснам колку емотивно сум на српската страна и колку емотивен беше разговорот, како за Кнежевиќ, така и за мене. Но, јас сум претседател на Србија, не можам да се мешам директно во внатрешните работи на Црна Гора. И не знам што се случило точно “, рече Вучиќ.

Претседателот истакна дека ние имаме свои проблеми и дека мора да видиме дали некој во Србија има врска со пуштените прислушкувани разговори, затоа што тоа би било катастрофа.

Тој рече дека Србија секогаш ќе биде со својот народ, дека ќе помогне, но дека треба да знаеме дека постои и друга земја.

“Што можеше да стори мајката кога и ја претресоа куќата? Да земе со кутлачата и да удира? … Се надевам дека не земала оружје, сигурна сум дека е така. Но, глупаво е да ставате лисици на жена од 70 години, учителка. Па таа не убила никој, тие и влегле во куќата. Но, не знам што се случи, можам да кажам само дека е тешко за мене заради Кнежевиќ. Како би се чувствувале кога мајка ви била уапсена? Лошо, нели “, рече Вучиќ.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Џозеф Борел, не коментираше за ова прашање, како што рече, не е целосно упатен во овој случај  и нема информации за него.