Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека ќе поднесе оставка од раководството на партијата по истекот на неговиот претседателски мандат во СНС.
– Десет години сум на чело на партијата и ќе бидам таму до мај. Мислам дека е доволно, веќе имам четири кандидати за наследник во главата, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека причините за неговото повлекување биле затоа што дошло време за некои нови луѓе и затоа што не сакал да ја загрози победата на партијата на изборите и дека тоа за него е логичен потег, иако некои можеби мислат поинаку.
-Би се изненадиле ако ви кажам дека и јас имам некоја топлина и емоции, понекогаш и јас сум човек, си велам „можам ова и не можам ова“. Не сум бил на море ниту еден ден, можеби сакам да бидам нормален, обичен човек, вели Вучиќ.
Зборувајќи за заминување од политиката, вели дека можеби сакал да не го носи товарот на овој свет, па ни на партијата.
-Да видам што прави ќерка ми, да го носам син ми на џудо, кошарка, големиот не ми дава ни два отсто внимание, вели Вучиќ и додава: „Дадов се, се борев за државата, за партијата. За земјата ќе сдадам повеќе“.
Вучиќ истакна дека не е сигурен дали ќе ја прифати функцијата премиер, пренесуваат српските медиуми.