Вучиќ: Со гордост можам да кажам дека имаме најдобри односи меѓу Белград и Скопје

од Берта Китинска
195 прегледи

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска го отвори Самитот „Отворен Балкан”, каде што учествуваат премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателот на претседателството на БиХ, Тегелтија и премиерот на Црна Гора, Абазовиќ.

-Задоволен сум од тоа како се развива иницијативата Отворен Балкан.На саемот на храна и вино се отвараат поголеми перспективи за соработка, а за на партнерите во Слободен Балкан, Ковачевски и Рама Србија е втор дом, рече Вучиќ.

Тој ги повика политичарите од власта и опозицијата да дадат поддршка за оваа иницијатива.

-Србија, С.Македонија, Албанија покажаа дека една важна манифестација може да ја организираат на светско ниво, кажа Вучиќ.

Тој надополни дека се гордее за блискиот однос со С.Македонија.

-Со С.Македонија и кога имавме извесни пробелми секогаш бевме блиски, денеска сме најблиски бидејќи немаме ниту едно отворено прашање.Се гордеам што имаме најдобри односи во историјата меѓу Белгард и Скопје, кажа српскиот претседател.

Слични содржини