Вучиќ: Србија плаќа висока цена што не воведува санкции кон Русија

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека земјата плаќа висока цена поради нејзината политика во однос на санкциите кон Русија и нагласи дека Србија ќе продолжи да се придржува до принципите до кои другите не се придржуваат.

„Понекогаш би било добро во политиката, особено во меѓународната политика, и најдобро би било секогаш да се прави тоа, да се почитуваат принципите, моралот и меѓународното право, како што се однесува Србија“, рече тој.

На прашањето за односот на Србија кон украинската криза и цената што ја плати Србија, односно пишувањата на некои медиуми дека Србија се подготвува да воведе санкции кон Русија, тој рече дека не сака да коментира написи во весниците.

„Понекогаш можете да бидете очајни кога ќе ги погледнете весниците од различни страни, каде што гледате целосна пристрасност, навивачки жар, од една страна кон руската страна, а од друга страна антируска страст. Кога читате се прашувате дали е можно луѓето што живеат во Србија да имаат нешто поважно, а тоа се ставот и интересите на Србија“, нагласи тој.

Вучиќ рече дека е горд на фактот што во Србија нема антиукраинска или антируска хистерија, „што не дозволуваме никој да го уништи споменикот на украинскиот поет Тарас Севченко во Нови Сад, на што некои се обидоа, но и делата на Достоевски, Толстој и Гогољ“.

„Тоа се работи на кои се гордеам. Кај нас доаѓаат Украинци и Руси. Многу е чудно што добар дел од оние кои доаѓаат од Москва се ориентирани против Владимир Путин, а добар дел од оние кои доаѓаат од Украина се против нивното раководство. За нас не е важно, туку само да бидеме добри домаќини и да обезбедиме се како што бараат меѓународните акти“, додаде тој.

Вучиќ забележа и дека во Србија, како што рече, има многу такви кои знаат се подобро од државниот врв – и кога и дали ќе воведеме санкции.

Потсети дека некои кандидати на последните избори рекоа дека санкциите против Русија ќе бидат воведени на 4 април, веднаш по изборите.

„Не се сеќавам некој да наметнал санкции. Се излажале по којзнае кој пат. Но, на некој навистина му е гајле што може да ја мами јавноста секој ден бидејќи нема одговорност, а некој мора да има одговорност“, рече тој.

Вучиќ истакна дека Србија е единствената земја во Европа која нема воведено никакви рестриктивни мерки против Русија.

„Дали таквиот став ни носи проблеми? Нема сомнеж, а има многу проблеми во различни сфери, од финансиски инвестиции до многу други. Нема сомнеж дека плаќаме многу висока цена“, посочи тој.

Слични содржини