282
Претседателот Александар Вучиќ изјави дека утре во Скопје ќе бидат потпишани три договори меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.
Како што рече, едниот се однесува на побрзиот проток на стоки и услуги помеѓу трите земји, другиот за заедничка акција по прашањето на природни непогоди и катастрофи, и третата создавање единствен пазар на труд, што подразбира укинување на работните дозволи .
Тоа, вели тој, значи дека кој работи во Белград, може да работи во Скопје и Тирана и обратно.
„Тоа е ужасно важно. Сакам да верувам дека потоа ќе продолжиме со сите придобивки, за кои подетално ќе разговараме утре”, рече Вучиќ.