Вучиќ: Веќе 4,5 милиони луѓе во Србија добиваат по 100 евра

од Nikola Popovski
118 прегледи

До денес, во 10 часот, 2.477.000 луѓе аплицирале за државна помош од сто евра, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој посочи дека, со примателите кои добиваат пари без регистрација, како пензионерите и корисниците на социјална помош, тоа е малку повеќе од 4,5 милиони луѓе.

За време на обиколката на рудникот Колубара, Вучиќ изјави дека е постигнат овој број, иако телефоните за регистрација сè уште не биле вклучени.

„Среќен сум што го исполнивме тоа мало ветување“, рече Вучиќ, додавајќи дека во јуни и јули ќе бидат исплатени уште два минимални плати за помош на економијата.