Вучиќ во посета на Москва: Какви подароци подготвил за Путин? (фото)

од Nikola Popovski
212 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, престојува во Москва, каде што денес ќе се сретне со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

За таа пригода, тој подготвил два подароци што ќе му ги даде на рускиот шеф на државата.

Еден од нив е иконата на „Семоќниот Исус“, која е од 19-тиот век.

Тој ќе му подари на Путин и монографија за загинатите војници на Црвената армија на територијата на Југославија.

Утрово, претседателот на Србија пристигнал во дводневна посета на Москва, каде покрај денешната средба со Путин, тој ќе присуствува на воената парада утре, по повод одбележувањето на 75-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.