Вучиќ: Во тешки моменти се гледа кој ви е пријател

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.

Тој доби гаранции за понатамошно унапредување на соработката меѓу Србија и Русија.

„Одлична средба со Александар Грушко, најблискиот соработник на Сергеј Лавров. Им пренесов важни пораки на Србија на претседателот Путин и министерот Лавров и добив гаранции за натамошно унапредување, на инаку многу тесната соработка меѓу Србија и Русија“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот на „БудучностСрбије“.

Тој рече дека во тешки моменти „секогаш се гледа кој ви е пријател“.

Слични содржини