„Седницата на Советот за национална безбедност закажана завчера беше одложена поради формално правни проблеми. Чекаме дополнително вештачење за утре некој да не ни каже дека она што им го покажавме на граѓаните на Србија не може да се искористи во доказната постапка, а потоа ќе кажеме сè и ќе покажеме нешто што е, благо речено, морничаво, за да можат граѓаните да видат дали позади се се крие политиката, заштитата на режимот или борбата на една или повеќе криминални групи“, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како гостин во утринската програма на ТВ Прва.
Тој повторил дека граѓаните ќе бидат шокирани од она што ќе го видат.
„Цела Европа и целиот свет ќе бидат шокирани. Ќе видите со кого си имавме работа и пресметката со нив ја покажува нашата храброст и одговорност “, изјави претседателот.
Како што рече, седницата на Советот за национална безбедност ќе се одржи најдоцна во четврток. На таа седница, како што било претходно најавено, треба да се зборува за криминал, односно за истрагата против криминалната група на Вељко Беливук, кој неодамна беше уапсен.
„Тие зборат дека групата била „блиска“ со Вучиќ. Ете ги уапсивме „блиските“. Тие се занимаваа со сите можни трикови, и сè беше насочено кон две работи, а сега ја испитуваме вклученоста на странски фактор, како и криминалот во рамките на царината. Ќе видите неверојатни работи кои луѓето ги презедоа и оние што немаат никаква врска со царината се справија со тоа“, рече претседателот на Србија.
Тој изјави дека организирана криминална група работи на негово дискредитирање, како и дека во тоа се вклучени поголем број припадници на Министерството за внатрешни работи.