Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска, по повод поднесување кривична пријава против него поради наводни врски со криминалниот клан на Вељко Беливук, дека е подготвен тој распит да го спроведе на полиграф, за да може секој да види дали тој излажал.
По обиколката на изградбата на Клиничкиот центар во Србија, Вучиќ рече дека одлучил дека правниците од неговата партија ќе поднесат кривична пријава против него и министерот на полицијата Александар Вулин, бидејќи за него е несфатливо да биде обвинет за соработка со луѓе кои извршиле некои од најтешките злосторства и не може да разбере дека некои медиуми ги пренесуваат овие тврдења со денови.
На прашањето дали станува збор за лажна пријава, со оглед дека и тој и луѓето што го пријавиле тврделе дека тоа не е вистина, Вучиќ рече дека одлучил да го стори тоа затоа што постојано слушал дека треба да го испрашаат полицијата и обвинителството.
Тој повтори дека не се сретнал со криминалци и додаде дека таква снимка никогаш нема да „излезе“, бидејќи не постои.
Вучиќ рече дека ќе оди на полиграф „штом ќе го повикаат обвинителите и полицајците“, а дека е подготвен да одговори веќе денеска.