Вучиќ за состанокот во Вашингтон на 27-ми јуни: Признавањето на Косово не е, ниту ќе биде тема

од Nikola Popovski
121 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјавил дека темата за признавање на Косово во Вашингтон, кои биле наслови на одредени медиуми, никогаш не била на маса и нема ни да биде.

Во врска со тоа дали Приштина сфатила дека нема решение без компромис, Вучиќ изјавил дека смета дека играта се продолжува и дека тие исто така ги практикуваат своите внатрешни игри.

„Нема суштинско решение, за кое би можел да помислам, што би било прифатливо подеднакво и за обете страни. Во секој случај, ќе се бориме за нашата земја со сето срце“, рече тој.

„Наше е да водиме нормална политика и да ја заштитиме нашата земја. И нашите претци знаеја како да ја бранат земјата, тоа е шах и сериозна игра што ја играте со многу посилни играчи. За сите оние кои зборуваат за сè околу независноста на Косово, престанете да лажете и оставете одговорните и сериозните луѓе да си ја завршат својата работа“, рече дополни Вучиќ.

Како што соопштил, тој не сака да навреди никого и истакна дека Гренел е фокусиранна економијата.

„Без разлика како ќе заврши, важно е да останеме неповредени во борбата на слоновите. Ние нема да се бориме со Германија и Америка “, рече Вучиќ и додаде дека има голем конфликт меѓу Америка и Германија.

„Ние ќе разговараме, не бегаме од тоа“, изјавил Вучиќ.

Како што истакна, тој многупати разговарал со Путин, Гренел и Лајчак, изјавувајќи дека Србија нема да го слуша она што не одговара, но дека мора да покаже почит.

„Имам закажано пет телефонски разговори од Европа и светот денес, не е лесен период пред нас, но ќе знаеме како да се бориме за нашите национални интереси. Ќе се обидеме успешно да ги заштитиме нашите државни и национални интереси. Барам луѓето да судат според своите дела кога станува збор за прашањето за Косово и Метохија и за економските прашања. Очекувам добар разговор со Лајчак, одлична посета на Русија и ќе видиме дали Албанците ќе го почитуваат тоа што го рече Гренел дека нема да поднесат кандидатура за меѓународните организации, затоа што Тачи никогаш не го прифати. Четири години го нудев тоа, а сега слушнавме дека тие одеднаш прифатија, па ќе видиме“, заклучил Вучиќ.