Вучиќ за страшниот пожар во Чачак: Штетата е до два милионa евра

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Штетата предизвикана од пожарот во наменската индустрија „Слобода“ во Чачак е од еден до два милионa евра, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што рече, три хеликоптери сега одат кон Чачак.

– Очекувам дека сè ќе се врати во првобитната состојба во Чачак од понеделник – рече Вучиќ.

Ненадејната експлозија во фабриката „Слобода“ во Чачак, што се случи синоќа по полноќ, го потресе целиот град.

Огнот гореше, а експлозиите што следеа една по друга жителите ги асоцирале на војна.

Слични содржини