Вучиќ за страшните фотографии: Ќе барам да покажат повеќе

од Stefanija Kuzmanovska
422 прегледи

Осврнувајќи се на нападите заради објавување на фотографии на осакатени тела на убиени лица, кои беа прикажани на „Пинк“ од страна министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, претседателот на земјата, Александар Вучиќ, рече дека тој ќе реагира на ист начин по тоа прашање. Вучиќ, исто така, рече дека ќе побара од властите да објават повеќе работи, без да ја загрозат кривичната постапка.

Тој додаде дека е навикнат да биде виновен за сè.

„Се сеќавате на убиствата на Кума и Спасојевиќ во Бараево. Тие слики беа на сите телевизии и во тоа време не им пречеше. Тие покажаа снимки во живо од убиство на луѓе во Сребреница, а не снимки од тела“, рече Вучиќ и додаде:

„Да бев министер за внатрешни работи, ќе го сторев истото. Ќе ги замолам да и покажат на јавноста повеќе работи што можат, без да ја загрозат кривичната постапка. Важно е луѓето да го видат тоа“, истакна Вучиќ.

Слични содржини