Вучиќ: Девет илјади луѓе на протестот „Србија против насилството“, се злоупотребуваат чувствата на луѓето

од Vladimir Zorba
353 прегледи

Искрено ги замолив вчера да не организираат вакво нешто, не затоа што бев исплашен или загрозен, туку затоа што мислев дека е лошо за државата. Се случи нешто ново, а тоа е дека на најбрутален начин се злоупотребуваат чувствата на луѓето – изјави вечерва претседателот на Србија во емисијата „Кирилица“, коментирајќи го денешниот протест „Србија против насилството“, кој, според повеќе извори и проценки, присуствуваа околу 50 илјади граѓани.

Очекував дека ќе предложат некои мерки, додаде – сакаме полицајци, педагози, реконструкција на основното училиште Владислав Рибникар…

-Очекував вакви идеи, па да видиме за што да разговараме, за насилството на интернет… На крајот се се сведе на чиста политика, укинување на „Хепи“ и „Пинк“ и сите да си поднесат оставки…. – тој рече.

Како што нагласи, на денешниот протест „Србија против насилството“ имало најмногу девет илјади луѓе.

Слични содржини