Вчера наутро, откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја изврши својата граѓанска должност и гласаше на вонредните избори, застана пред новинарите да одговара на прашања.
Прво двапати ги предупреди српските новинари дека до вечерта не можат да ја емитуваат неговата изјава додека во Србија трае изборниот молк.
Во таа прилика, новинар на Нова ТВ го праша како би изградил односи со Хрватска доколку коалицира со Шешељ.
„Но нема да го сториме тоа, веќе рековме. Не сте разбрале нешто“, рече тој.
На инсистирање на новинарите за коалиција на локално ниво, тој додаде: „Нема да градиме односи со Хрватска на локално ниво. Бачка Топола и Ниш нема да градат односи со Хрватска. Каква врска има тоа со некој? Само немојте да ми држите предавања за воени злосторници“, рече Вучиќ.
На прашањето на новинар на РТЛ дали ќе се повлече од претседателската функција доколку ги загуби изборите, тој одговори: „За среќа на вас Хрватите, ќе останам претседател на Србија уште долго време“. И што правите? Нервозни сте… Имате причина да бидете нервозни, бидејќи јас ќе бидам претседател на Србија уште четири години, ќе победиме убедливо“.