Вучиќ: Добиваме некои работи во вооружувањето кои суштински ја менуваат позицијата на Србија

од Radmila Tasevska
351 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека треба да пристигнат нови средства во вооружувањето на српските вооружени сили, што, според него, суштински ја менува позицијата на државата.

Вучиќ не сакаше да прецизира за кои средства станува збор, наведувајќи дека не може да зборува за тоа.

„Некои работи ни доаѓаат, ние ги нарекуваме наши играчки, но тие играчки не се нешто многу важно за опстанокот на Србија, нешто што суштински ја менува позицијата на Србија“, рече Вучиќ во Ниш, каде што присуствуваше на изложбата на оружје по повод Денот на српското единство, слобода и државно знаме.

Слични содржини